Македонија
2. April 2020 - 17:47

Дебар – снежна бајка во кризна состојба

Последните триесеттина дена Дебар е во центарот на вниманието zaшто беше прво жариште на коронаврусот во државава.

Од 13 март беше прогласена кризна состојба, но не само во оваа општина, туку и во Центар Жупа. Оттаму беа сопружници со КОВИД-19 кои се вратија од посета на децата во Италија.

Бројот на заразени потоа се зголеми и до денес е 47. Од овие четири лица починаа.

Во последните три дена нема новозаразени.Градот кој е во целосна тишина поради препораката да се седи дома, сепак го разубави пролетниот снег, па наликува на снежна бајка.