-->
-->
Дебар, Долно Косоврасти и Рајчица утре без вода
-->
Дебар и селата Долно Косоврасти и Рајчица кои со вода се снабдуваат од водоводот Росоки – Дебар утре од 8 до 22 часот ќе бидат без вода.
Прекинот е поради продолжување на проектот за замена на старите вентили, поставени во 1987 година, кога е изграден водоводот.
Вкупно треба да се заменат 66 вентили, а досега, во четири наврати, на 25 ноември, на 23 февруари, на 16, 22 и 28 март е извршена замена на 44 воздушни и испустни вентили од каптажата па долж цевководот.
Проектот се реализира со средства од буџетот на општина Дебар, а работите ги изведува фирмата СмС холдинг – Скопје, заедно со вработените на Јавното комунално претпрјатие „Стандард“, кое стопанисува со водоводот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР