-->
-->
Де Лихт прогласен за најдобар млад фудбалер
-->
Младиот фудбалер на Јувентус, Матијс де Лихт, е освојувач на Копа-трофејот, наградата што „Франс фудбал“ ја доделува за најдобар млад фудбалер, победувајќи ги Англичанецот Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд) и Португалецот Жоао Феликс (Атлетико Мадрид).
Де Лихт минатата сезона беше капитен на тимот на Ајакс, со кој ја освои двојната холандска круна и ги предводеше до полуфиналето од Лигата на шампионите пред да направи голем трансфер во Јувентус.
Во „старата дама“ тој имаше бавен почеток на кариерата со многу критики за неговата игра, но полека се зацврсти во првиот состав на Маврицио Сари и стана вистински столб на одбраната во отсуство на повредениот капитен Џорџо Кјелини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25