-->
-->
Де Геа се повреди и може да го пропушти дуелот со Ливерпул
-->
Голманот на Шпанија, Давид Де Хеа, го повреди мускулот на левата нога во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 одигран синоќа во Стокхолм со Шведска (1:1).
Чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед се повреди при судирот со напаѓачот на Краснодар, Маркус Берг и беше заменет во 60-тата минута со Кепа Аризабалага.
Според „А Бола“, Шпанецот може да го пропушти следниот натпревар од шампионатот на Англија со Ливерпул, што ќе се одржи на 20 октомври.
Селекторот на Шпанија, Роберт Морено соопшти дека голманот нема посериозна повреда.
- Де Геа направи неколку фантастични одбрани. За време на паузата, тој одлучи дека може да продолжи, но мораше предвреме да го заврши мечот, бидејќи има мало истегнување на мускул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци