-->
-->
Де Бур не му дозволи на Вајналдум да оди на лекарски преглед за Барса пред ЕП
-->
Комплетирањето на трансферот на играчот од средниот ред Џорџињо Вајналдум од Ливерпул во Барселона ќе биде одложено. Беше планирано каталонскиот тим да го испрати својот медицински персонал во холандската репрезентација пред Европското првенство за да му се изврши лекарски преглед на фудбалерот, но тоа нема да се случи.
Селекторот на холандската репрезентација Франк де Бур им забрани на 30-годишниот Вајналдум и другите репрезентативци да бидат ангажирани со што било друго освен подготовка за турнирот.
– Играчите ќе мора да бидат трпеливи до завршување на првенството, го цитира Де Бур „Воетбал Интернешнл“.
Холандија на Европското првенство е во група со македонската, украинската и австриската репрезентација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување
-
Грузиската опозиција не ги прифаќа изборните резултати, најави улични протести
-
Владејачката партија во Грузија прогласи победа на парламентарните избори
-
Предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
Состојба на патишта