Фудбал
29. October 2022 - 20:01

Де Брујне донесе триумф на Сити во Лестер

Важна победа на Манчестер Сити  на гостувањето кај Лестер и тоа минимална со 1-0 со што граѓаните ја продолжуваат битката за врвот со Арсенал. 
Актуелниот првак  не одигра ефикасно како на претходните средби во отсуство на првиот стрелец Халанд но сепак  оствари победа и тоа со прекрасниот погодок на Белгиецот Кевин де Брујне кој погоди од слободниот удар досуден во 49. Минута. 
Сити со овие три бода е лидер пред утрешниот дуел на Арсенал со Н.Форест.