Македонија
27. September 2017 - 14:49

Давутоглу: Ахмети е клучен фактор за стабилноста на Македонија и регионот

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, денеска во Скопје оствари средба со поранешниот премиер на Турција и актуелен пратеник од Коња, Ахмет Давутоглу.
 
Соговорниците разговараа околу политичката ситуација во земјата и во регионот фокусирајќи се во актуелната ситуација во земјата, се наведува во соопштението на ДУИ.
 
Давутоглу истакнал дека Али Ахмети е клучен фактор за стабилноста на Македонија и на регионот, земајќи предвид дека Албанците живеат во шест држави низ регионот, и се главна оска на стабилноста на Балканот.
 
Ахмети се осврнал и на заложбите на Демократската унија за интеграција во однос на политичката стабилност на земјата, добрите меѓуетнички односи, добрососедството, интеграцијата во НАТО и Европската Унија, се додава во соопштението на ДУИ.