Давеник спасен од помлад колега во канал за наводнување кај „Фени“
Дваесет и тригодишниот Д.Р. од Прилеп вчера 20 минути се борел со водата во канал за наводнување за да го спаси својот 59-годишен колега Л.М. од Неготино, кој претходно при трасирање на гасовод, во атарот на селото Шивец, паднал во отворениот канал и почнал да се дави.
Настанот денеска за МИА го потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Додевски појасни дека двете лица се вработени во градежното претпријатие „Гранит“ Скопје.
- Вршеле трасирање на гасоводот во атарот на селото Шивец, во близина на топилница „Фени индустри“, при што Л.М. паднал во водите на отворениот канал за наводнување и почнал да се дави. Во водите скокнал Д.Р. за да го спаси и по дваесетминутна борба со водата двајцата успеале да излезат од каналот, информираше Додевски.
Двајцата биле пренесени во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци, каде Л.М. бил донесен во тешка општа состојба и по укажаната медицинска помош бил задржан на лекување, додека по извршениот лекарски преглед, Д.Р. бил пуштен на домашно лекување.
Ново на Сител
-
„Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово
-
Лишен од слобода возач во Демир Хисар со 1.58 промили алкохол во крвта
-
Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран
-
Можно евакуирање на населението во реонот на пожарот во Визбегово
-
Латинопули: „Јас сум вистинска Македонка, а не лажна како тие во Скопје!“
-
Словенечката пратеничка Ирена Јовева во ЕП до бугарските колеги: За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола!
-
Вчера пронајдени 24 мигранти, уапсени двајца криумчари од Сирија
-
При претрес во Радовиш пронајдена дрога