-->
-->
Давеник изваден од Охридското Езеро
-->
Седумдесет и седум годишно лице било пронајдено удавено пред хотел на Охридското крајбрежје.
СВР Охрид денеска соопшти дека вчера околу 15 часот и 15 минути случајот бил пријавен во полиција.
– Во СВР Охрид е пријавено дека на плажа пред хотел на охридското крајбрежје, од водите на Охридското Езеро бил извлечен Р. М. (77) од селото Пласница, Македонски Брод. По извршена реанимација, од страна на Итна медицинска помош кај лицето била констатирана смрт, без траги на насилство, изјави портпаролот Стефан Димоски.
По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на семејството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот