Дастис: Шпанија нема да стави вето за членство на Шкотска во ЕУ
Иницијално Шпанија нема да стави вето на евентуален обид на Шкотска за приклучување кон ЕУ, откако Велика Британија ќе го напушти блокот, изјави шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис.
Во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“, Дастис истакнува дека со процесот за Брегзит, Шкотска во секој случај ќе ја напушти ЕУ заедно со останатиот дел од Велика Британија.
- За останато ќе видиме потоа. Кој било дел од Обединетото Кралство ако стане држава и сака да се приклучи кон ЕУ ќе мора да поднесе барање и да ги спроведе предвидените чекори за членство, нагласи Дастис.
Шпанија беше еден од најжестоките критичари на референдумот за шкотска независност во 2014 година и тогаш најавуваше дека ако покраината се одвои од Велика Британија, Мадрид ќе се спротивстави на обидите на евентуална независна Шкотска за автоматско членство во ЕУ.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски