Македонија
31. October 2021 - 13:54

Даштевски: Гласањето ќе биде продолжено на одредени места каде имало прекин повеќе од еден час

Претседателот на Државната изборна комисија Алексадар Даштевски на денешната прес-конференција во 13:30 часот изјави дека на местата каде гласањето било прекинато повеќе од 1 час, ќе биде продолжено за толку колку што е прекинато.

-Таму каде прекинувањето на гласањето е помалку од еден час нема да се продолжи гласањето, доколку не се затекнат гласачи пред избирачкото место и што значи треба да им биде дозволено да гласаат, меѓутоа со оглед дека излезноста е голема, а нема застој односно редици значи дека гласањето би се завршило на време, рече Даштевски.

Даштевски додаде и дека во текот на денешниот ден има 178 приговори, од кои 157 се прифатени, а 12 се одбиени.