Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга
Четириесет и тригодишниот Дарко Паскоски од Струга беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокнаа во студените води на реката Црн Дрим и го извади светиот крст.
Паскоски, кој традиционално секоја година скока во осветените води на Црн Дрим, по четврти пат го вади светиот крст.
- Секоја година за Богојавление скокам по крстот во светите води на реката Црн Дрим. Четврти пат го фаќам и сакам традицијата да продолжи и крстот да влезе во секој дом, истакна Паскоски.
Очекува светиот крст да му донесе среќа и да го освети неговиот дом, како што било и претходните години, кога секое фаќање на крстот носело нешто убаво во неговото семејство.
- Очекувам да донесе среќа, да го освети домот. Да се помолиме сите за здравје и спасение. Секоја година си носеше по нешто убаво. Се надевам така ќе биде и годинава, нагласи среќниот фаќач на светиот крст.
Тој беше даруван со пригодни подароци од црквата, кумот на манифестацијата и спонзори.
Чинот на осветување на водите го изврши митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј, кој од Чаршискиот мост во Струга го положи светиот крст во водите на реката Црн Дрим.
На Богојавленската манифестација во Струга покрај големиот број верници присуствуваа и градоначалникот Рамис Мерко и претставници од власта и опозицијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Константин Димитров, енергетичар
-
Алкалоид повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI
-
Прилепската болница е оставена со над 3 милиони евра долг
-
Студентите бараат дигитализација во јавните универзитети
-
Наместо оброк, Министеството за одбрана ќе им исплаќа надомест за храна на војниците
-
РЕК Битола не работи – трите блока надвор од мрежа
-
По ДСЗИ, од вчера случајот со смртта на 14 месечното бебе го истражува стручната комисија
-
Мајката и малолетната ќерка во тетовско Слатино починале од труење