Свет
23. October 2020 - 21:16

Данска воведува нови мерки за заштита од коронавирусот

Поради зголемениот број на новозаразени од Ковид-19, на сила стапија нови мерки во Данска.

Една од нив е намалување на луѓе во групи од 50 на 10, соопшти премиерот Мете Фредериксен.

Втора мерка е забрана за продажба на алкохол по 22 часот. Наскоро маската ќе биде задолжителна во сите затворени простории.