Данска на 1 март го почнува процесот за ратификација на пристапниот Протокол за членство на РСМ во НАТО
Данската Влада утре ќе го поднесе предлогот за ратификација на пристапниот Протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО до данското Собрание, и процесот за ратификација ќе почне од 1 март. За ова информираше заменик-шефот на Одделот за европско соседство во Министерството за надворшени работи на Данска, Алан Пег Кристенсен, денеска на средбата со министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.
На средбата, Адеми информираше дека со потпишувањето на Пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО, заокруживме еден значаен дел од пристапниот процес, при што следува процес на ратификација на пристапниот Протокол во националните парламенти на земјите членки на НАТО. Оттука Адеми изрази очекување дека набргу ќе следи и ратификација на протоколот во данското Собрание.
Министерот Адеми ја истакна одличната билатерална соработка меѓу двете земји, која се карактеризира со пријателство и разбирање, и го запозна својот соговорник со последните постигнувања на Владата за изградба на праведно и инклузивно општество, засновано врз владеењето на правото и демократските вредности.
Посебно се осврна на надворешно-политичките приоритети, споделувајќи ја нашата посветеност и решителност за постигнување на решавачки исчекор во процесот на НАТО и ЕУ интеграција, преку финализирање и затворање на процесот за спроведување на Конечната спогодба со Грција.
Алан Пег Кристенсен, ги реафирмираше добрите билатерални односи меѓу двете земји, и упати честитки до Владата на РСМ за храбриот исчекор во решавање на долгогодишниот спор. Истакна дека веќе евроатлантскиот пат за РСМ е отворен и дополнително укажа на потребата за спроведување на потребните реформи што се битен чекор кон членството во ЕУ.
Посетата на министерот Адеми во Данска, продолжува денеска попладне со средба со бизнисмени од редовите на нашата дијаспора во Данска, при што ќе ги презентира и последните услови за финасиската помош што Владата на РСМ, а завршува утре со средбата на министерот со данскиот министер за имиграција, интеграција и домување, Ингер Стојберг.
Ново на Сител
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите
-
22-годишна девојка од Скопје удрена од таксист
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари