Свет
3. March 2016 - 15:52

Данска ја продолжи времената контрола на границата со Германија

Данска денеска реши да ја продолжи воведената времена контрола на својата граница кон Германија за уште 30 дена, до 3 април, соопшти данската министерка за интеграција Ингер Стојберг. 

Стојберг истакна дека за оваа одлука на Копнехаген писмено го известила и европскиот комесар за миграции Димитрис Аврамопуос. 

- Данската Влада и натаму смета дека контролата не го преминува неопходното ниво ва оваа ситуација, негласи Стојберг. 

Владата на Данска на 4 јануари воведе времена гранична контрола, откако слична мерка спроведе и Шведска, како реакција на приливот на бегалци.