Данска и Франција за ограничување на поскапувањето на енергенсите
Данската Влада денеска предложи привремено ограничување на цените на гасот, струјата и на парното за потрошувачите во текот на зимата, како мерка за спречување на поскапувањето на енергенсите. Франција исто така планира да го ограничи поскапувањето на струјата и на гасот на 15 отсто.
Данскиот предлог доаѓа во време кога земјите низ Европа се обидуваат да ја контролираат продлабочената енергетска криза, што им штети и на потрошувачите и на компаниите.
Според предлогот, домаќинствата и компаниите ќе можат да го одложат плаќањето на дел од сметката што надминува одреден ценовен праг, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.
„Тоа значи дека секое поединечно семејство ќе може да одреди буџет и ќе се знае максималната цена што ќе треба да ја плати“, рече таа.
Мерката што се проценува да чини околу шест милијарди американски долари, мора да биде одобрена од Парламентот.
Франција пак најави дека за наредната година планира да го ограничи растот на цената на струјата и гасот на 15 отсто.
Премиерката Елизабет Борн рече дека максималното поскапување на гасот од 15 отсто ќе стапи на сила во јануари, додека покачувањето на цената на струјата од максимум 15 отсто ќе стапи на сила во февруари.
„Мерки ќе преземеме и на европско и национално ниво“, рече Борне.
Ново на Сител
-
Приведен 60-годишник во Скопје, возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
ЦУК: Еден крак од пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер е изгаснат
-
ПОЦ: Санкционирани 82 непрописно паркирани возила минатата недела
-
Прпарим Авдили од кумановско Лојане до кандидат за градоначалник на Цирих
-
Уапсени две лица во Неготино и Кавадарци, возеле со по 1.81 и 1.95 промили алкохол во крвта
-
1336 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд
-
Раул Алонсо ја напушти клупата на Еурофарм Пелистер
-
Два полициски хеликоптера го гасат пожарот во околината на Блаце