Данокот на шеќер за безалкохолни пијалаци ја намали потрошувачката на шеќер во Велика Британија
Данокот за шеќер за безалкохолните пијалаци во Велика Британија доведе до значителен пад на шеќерот во исхраната на луѓето, покажуваат резултатите од долгорочно истражување спроведено од Универзитетот Кембриџ и Универзитетскиот колеџ во Лондон
Само една година по стапувањето во сила на данокот на шеќер во 2018., децата внесувале 4,8 грама помалку шеќер дневно, додека возрасните имале 10,9 г. помал внос. Поголемиот дел од ова намалување се сведува на помалку шеќер од безалкохолните напивки.
Сепак, луѓето сè уште јадат премногу шеќер во целина и не ги исполнуваат упатствата на британските власти или Светската здравствена организација (СЗО), сметаат истражувачите.
Главен извор, освен газираните сокови, се бисквитите, чоколадото, јогуртите со сладок вкус и житарките за појадок. Шеќерот во мед, сируп, незасладените овошно-зеленчукови сокови, како и „смутито“ се природни, но сепак, се бројат како извори на шеќер.
Претходни истражувања ги поврзуваат засладените пијалаци со дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и прерана смрт.
Во Обединетото Кралство, данокот на шеќер беше воведен во април 2018 година, како начин да се охрабрат производителите да ја намалат содржината на шеќер во безалкохолните пијалаци.
Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека Владата „директно ќе се справи со кризата со дебелината“ и така ќе ги спречи лошите трендови во однос на здравје.
„Ќе воведеме строги ограничувања за рекламирање нездрава храна, заедно со забраната на децата да можат да купуваат слатки енергетски напитоци со кофеин. Со градење поздраво општество, ќе помогнеме да се изгради здрава економија“, велат од Министерството.
Насоките од СЗО и Научниот советодавен комитет за исхрана на Обединетото Кралство велат дека луѓето треба да го ограничат консумирањето шеќер на под 5 отсто од вкупниот внес на енергија. Ова е еднакво на најмногу 30 г.рама на ден за возрасни, 24 г. за деца на возраст од седум до 10 години и 19 г. за деца на возраст од четири до шест години.
До денес, повеќе од 50 земји имаат воведено данок на шеќер за безалкохолните пијалоци.
Новото истражување е објавено во британскиот „Журнал за епидемиологија и јавно здравје“ (Journal of Epidemiology and Community Health). Спроведено е од истражувачи и стручњаци од Универзитетот Кембриџ и Универзитетскиот колеџ во Лондон, и опфаќа податоци од 2008. до 2019 година, од 7.999 возрасни и 7.656 деца кои беа вклучени во финалната анализа.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија