-->
-->
Даночните обврзници да поднесат пријава за данок на имот за 2016-та, апелира Општина Куманово
-->
Општина Куманово ги повика новите даночни обврзници да поднесат даночна пријава за утрдување данок на имот за 2016 година.
Даночна пријава треба да поднесат правните и физичките лица кои имотот го стекнале и почнале да го користат во текот на 2015 година, a за кој досега немаат поднесено пријава, новите обврзници чиј имот претрпел промена во сопственоста, (купен, продаден), обврзниците кои имаат промена во вредноста на имотот (доградба, проширување, довршување), но и обврзниците кои поседуваат имот кој се оданочува,а за кој досега не поднеле пријава.
Во јавната покана што ја објави општина Куманово се наведува дека граѓаните треба да ја поднесат даночната пријава,до одделението за администрирање на приходи најдоцна до 31 јануари 2016-та година.
- До 31 март треба да ги подготвиме решенијата и да ги диструбуираме до даночните обврзници. За оние што нема да поднесат даночна пријава, предвидена е глоба од 500 до 1.500 евра, изјави раководителот на Одделнието Зоран Павловски.
Бројот на даночни обврзници секоја година се менува и се движи од 300 до 500, а зависи, како што вели Павловски, од совесноста на обврзниците и од работењето на службата.
Во базата на Одделението за администрирање приходи евидентирани се 32.860. Павловски очекува и оваа година да се зголеми бројот на нови даночни обврзници.
Последниве десет години бројот на даночните обврзници е зголемен за над 8.400, од 24.400 евидентирани во јули 2005 на 32.860 во 2015-тата.
Од Општината ги повикаа и самостојните вршители на дејност и правните лица кои досега немаат поднесено пријава, да поднесат пријава за утврдување комунална таска за фирма (назив) на деловна просторија, односно единица, и оние обврзници кои имаат поднесено пријава, но чија деловна единица има промени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица