Македонија
8. August 2022 - 16:36

Даночната реформа на Бесими носи нови даночни основи

Околу 54 милиони евра плус на годишно ниво планира да собере министерството за финасии од даночните реформи во персоналниот данок, данокот на капитал, данокот на добивка и социјалнотот осигурување. Плус пари треба да се соберат и од рефомите во ДДВ, но за нив Бесими се уште ги нема пресметките.

Каматните стапки на ДДВ, персоналниот данок, данокот на добивка нема да се менуваат, но ќе се менува даночната основа. Тоа значи дека ќе се оданочуваат работи за кои досега не бил плаќан данок, или пак, ќе се укинуваат даночни ослободувања што постоеја досега.

Така, во реформата на Бесими се предивидува работодавачите да плаќаат данок на дополнителното пензиско осигурување, животното осигурување и на приватното здравствено осигурување за работниците, што досега не беше случај.

Бесими ја враќа идејата и за плаќање на придонеси за хонорораците, која пред неколку години наиде на жестоки реакции и протести.  Старо-нова идеја е и плаќање на данок на каматите од штедни влогови.

Прогересивниот данок исто така останува со план да се применува од 1 јануари 2023 година,.

Даночно олеснување се предвидува само за реинвестиции во енергетиката, дигиталната трансформација и зелената агенда.

Се воведува данок од 1 отсто за малите фирми кои имаат добивка до 6 милиони денари годишно, а кои досега беа ослободени од оваа обврска.

Ќе се оданочуваат и донациите во спортот. Во делот на ДДВ се укинуваат низа даночни ослободувања или приливилигирани стапки.

На новата даночна политика реагираше  опозицијата.

Бесими, пак, тврди обратно. Дека со даночната реформа која ја планира од Нова година, ќе го намали буџетскиот дефицит, ќе го намали задолжувањето и ќе отвори можност за инвестиции во инфраструктурата.

„ Овие решенија ќе го подобрат нашиот економски систем на среден и долг рок. Реформите не се прават денеска за утре, туку внимателно одвеме кон ова“, објаснуваше Бесими на брифинг со новинарите.

Toj вели дека за сите решенија ќе има јавна дебата и можат да бидат променети.