Кошарка
12. July 2016 - 8:38

Данкан заминува во пензија

По 19 сезони во НБА лигата, 5 титули шампион и признание МВП и 15.учества на „Ол стар викендите“ Тим Данкан реши да ја заврши својата кариера. Оваа вест ја потврди и екипата на Сан Антонио, а Данкан се откажа од последната година од договорот со клубот во 40.та година од животот.
Данкан е еден од тројцата играчи во НБА лигата што целата кариера ја мина во еден тим. Покрај него уште се: Коби Брајант (ЛА Лејкерс) и Џон Стоктон (Јута Џез).
 
Во својата кариера има одиграно 1.392 натпревара во регуларниот дел со просек: 19 поени; 10,8 скокови и 3 асистенции, додека во плеј офот одигра 241 натпревар – 21,2 поен; 11, 1 скок; 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки.
Во последната сезона имаше просек од 8,6 поени по натпревар, 7,3 скокови и 1,3 блокади.
 
Како пик број 1 на драфтот 1997 година дојде од Вејк Форест Универзитетот. Во првата сезона беше избран за „руки“, а настапуваше на стартот од кариерата со Дејвид Робинсон. Откако беше драфтуван Сан Антонио забележа 1.072 победи и 438 порази.
Данкан е 14.ти стрелец во НБА лигата со 26.496 поени, шести скокач – 15.091 и петти по бројот на блокади – 3.020.
 
Признанието МВП на сезоната го има добиено во 2002 и 2003 година, а МВП на финалето во три наврати: 1999; 2003 и 2005. 
Петте титули Данкан ги освои: 1999 година, 2003, 2005, 2007 и 2014.
Заедно со тренерот Грег Поповиќ заедно имаат 1.001 победа со што се најдобар тандем тренер – играч.
 
Во најскоро време се очекува Сан Антонио да го повлече неговиот дрес со број 21.