Свет
4. December 2015 - 10:12

Данците одбија прописи на ЕУ за прекугранично дејствување

Данците рекоа „не“ на референдум за прифаќање на европските прописи за прекугранично дејствување на полицијата, на кој владејачката партија и опозицијата се залагаа за поблиски врски со ЕУ во тој домен.

Владата сакаше државата да ја напушти опцијата да биде изземена од прописи на ЕУ за правда односни внатрешни работи.

Според референдумот, повеќе од 53 отсто граѓани рекле „не“ за зголемување на овластувањата на Брисел.

Референдумот е одржан неколку недели по терористичките напади во Париз и во момент кога во Европа има рекорден број мигранти.