Дан Тимотин нов генерален директор на Пивара Скопје
Нов генерален директор на Пивара Скопје е Дан Тимотин, кој доаѓа на оваа функција од позицијата менаџер за продажба за Романија.
Тој го наследи Владимир Косијер, кој заминува на нова раководна функција во системот на Coca-Cola HBC, како менаџер за продажба за Русија.
Од компанијата информираат дека Тимотин е искусен менаџер кој уште од 2011 година ја гради својата професионална кариера во системот на Coca-Cola HBC, извршувајќи различни лидерски функции во секторите за финансии и продажба.
– Доаѓањето на чело на тимот на Пивара Скопје е голем предизвик за мене, на кој јас искрено се радувам. Свесен сум за досегашната богата традиција, извонредните успеси и големиот придонес и значење што оваа компанија го има за целата земја. Лично се уверив и во високите квалитети што ги поседуваат вработените во Пивара Скопје, изјави Тимотин.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати