Дамаск: Нема преговори за судбината на Асад
Судбината на сирискиот претседател Башар ел Асад не може да биде предмет на какви и да било преговори, бидејќи за тоа прашање може да решава само сирискиот народ по демократски пат, изјави министерот за информации на Сирија, Омран Ахед ал Зуби.
Како што јави ТАСС, на средба со група руски новинари, Зуби нагласи дека власите во Дамаск подготвуваат нов устав на Сирија, со кој ќе се овозможи формирање на „проширена Влада“, во која би влегле и претставници на сириската опозиција во земјата, но и на опозициските групи што сега се наоѓаат во егзил во странство.
- Ако сирискиот народ на референдум го одобри ваквиот устав, тој ќе стапи во сила и потоа ќе може да се одржат парламентарни избори согласно новите уставни одредби, рече Зуби.
Осврнувајќи се на актулената состојба во Сирија, Зуби нагласи дека властите во Дамаск не ја исклучуваат можноста дека борците на џихадистичката група Исламска држава поседуваат противвоздушни ракетни системи, кои ги добиле од Турција или Саудиска Арабија.
Зуби истакна и дека сирискиот народ ги сака Русија и нејзиниот претеседател Владимир Путин.
- Уште од почетокот на кризата во Сирија ние почнавме рускиот претседател да го нарекуваме Абу Али Путин, име со кое вообичаено се нарекуваат силните и мажествени луѓе, рече Зуби.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот