Македонија
31. March 2021 - 20:10

Дали вакцината АстраЗенека е опасна за помладите и што да преземат вакцинираните во Србија?

По примање на АстраЗенека во Србија, 28 годишна девојка е на болничко лекување на скопските клиники поради тромботична реакција од вакцината, потврди министерот за здравство. Симптомите ги добила 6 дена по боцкањето – имала тромбоза на вената на едното око по што побарала лекарска помош. Специјалистите велат дека е во добра здравствена состојба и ја добила неопходната терапија. Таа е една мегу дестината во светски рамки со ваква имунолошка реакција. Освен одлуките на две земји и овој случај е една од причините во земјата засега да не почне имунизација со АстраЗенека кај помлади од 60 години се додека надлежните не добијат официјални одговори од ЕМА за регистрираните ретки несакани ефекти. Здравствените власти им порачаа на илјадниците Македонци кои викендот беа во Белград и Ниш да не преземаат никакви превентивни мерки. Филипче уверува дека нема простор за паника.

-Не треба да земаат ништо превентивно, ми се јавивја голем број на граѓани и нема простор за паника. Кога ќе добиеме официјални податоци од регулаторните тела ќе ги споделиме информациите и ќе одлучиме што понатаму, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче ќе бара одговори за тромботичните реакции од Европското регулаторно тело а ќе се обратат директно и до германското министерство за здравство. Засега се пролонгира вакцинацијата во секторите од стратешко значење кое беше најавено за во понеделник. Но денеска почна имунизацијата кај старите лица над 77 години кои велат дека не се плашаат од вакцините.

-Да се заштитам, докторите велат треба да се вакцинираме...Прво ради себе а потоа и за блиските..Знам јас убаво за вакцините, тие ги искорениле опасните болести, велат граѓани.

Термините за боцкање се на 10 минути а секој граѓанин по боцкањето чека уште половина час за да не дојде до некоја реакција. Лекарите велат од утрово немале никакви проблеми.

-Кај постарите речиси сите се со коморбидитети, примаат хронична терапија и затоа ги советуваме кога и како треба да ја аплицираат вакцината, вели др. Даниела Марковска

80 и 90 годишни сами одеа во пунктовите за имунизација и ја знаат процедурата. Но информацијата за АстраЗенека влеа став и кај постарата популација и дел од нив ги откажале термините.

-Утрово во еден пункт околу 20 проценти од запшишаните не се појавиле, но ќе видиме на што се должи тоа, вели Филипче.

Во земјата има 24.000 дози на АстраЗенека за имунизација на старите лица а денеска паралелно се одвиваше и ревакцинацијата со Спутник за 3000 здравствени работници.