Македонија
25. January 2021 - 20:26

Дали со измените за законот за лекови вакцините полесно ќе влезат во земјава?

И денеска не се знае кога ќе стигнат вакцините од Србија кои беа најавени уште пред една недела. Производителот Фајзер треба да им даде согласност на српските власти за да ни ги достават 8000 те изјади дози кои ги отстапија за македонските граѓани. Од компанијата ќе зависи дали количините ќе бидат донација или пак Македонија ќе ги плати по набавна цена. Бидејќи процесот се одолговлекува, според информации на Сител, здравствените власти ќе преговараат и со други производители чии вакцини ги користат многу земји иако министерот Филипче пред три дена изјави дека предност имаат проверките и дозволите од европските лаборатории.

-Сите вакцини ги евалуираме. Тоа што сакаме да направиме и ставаме приоритет е да се осигураме во нивниот квалитет. Сигурни сме дека с еразвиени на безбедни платформи но некои веќе аплицирале во меѓународните регулаторни тела а некои имаат само докази и документи од нивните регулаторн итерла од нивните матични земји и тие нашите експерти ги разгледуваат, после потврдата и уверувањата дека се тоа сосем безбедни сертификати на кои може са им се верува. Инаку ние тука даваме предност на мрежата на европските лаборатории и европските земји и тие вакцини доаѓаат предвид, изјави Венко Филипче, министер за здравство (22.01.2021)

За вакцините од Фајзер веќе има и фрижидери на -70 степени на трансфузиологија каде можат да бидат складирани околу 200 000 дози. Тие ќе бидат наменети за здравствените работници од ковид центрите. Од директните преговори со производителот, пак, во февруари треба да стигнат првите 5850 вакцини. Во петок на состанок со претставници од Ковакс, Филипче очекува конкретна дата кога ќе пристигнат првите количини предвидени со овој механизам.

Во бројки здравствените власти договориле 800 000 дози со Фајзер и 833 000 преку Ковакс. Но засега тоа е само на хартија и во Македонија имунизацијата против Ковид 19 се уште не е започната.