Македонија
16. March 2023 - 12:33

Дали штипските матуранти ќе се приклучат кон протестот?

Штипските средношколци нема да се приклучат на протестот пред МОН, закажан за утре од страна на нивните врсници и студентите, а со цел подобрување на образовниот систем. Конкретно, матурантите бараат скратување на материјалот за државна матура. Директорите на петте средни училишта во градот велат дека, до сега до нив нема пристигнато најава за отсуство од настава поради присуство на протест.

- Матурантите во СОУ „Јане Сандански“ – Штип, доаѓаат редовно на настава, немаме информација дека ќе се приклучат на протестот кој го подготвуваат и најавуваат матурантите, односно, од Сојузот на средношколци на Р. Македонија. Тие веќе почнаа со одбрана на проектните задачи, согласно термините кои се во календарот за организирање на државната матура, а исто така од страна на предметните наставници веќе се спроведуваат подготовките за предметите македонски и англиски јазик- изјави МАарија Николовиќ, директорка на СОУ„Јане Сандански“ -Штип.

Под притисок на протестите од понеделникот, МОН ги исплати стипедниите за средношколците за седум месеци, а студентите добија шест месечни стипендии и исплата на субвенциониран студентски оброк. За да нема прекин во наставата, ресорниот министер не ја исклучува можноста од редукција на материјалот за полагање државна матура.