Македонија
28. May 2020 - 19:43

Дали се приближуваат партиските ставови за датумот за избори?

Нема договор во неформалните преговори меѓу власта и опозицијата за нов датум за избори, но разликите меѓу најекстремните ставови се сведуваат на 10 до 15 дена.

Од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ официјално се уште стојат на своите првични ставови: власта за избори пред почеток на летото, опозицијата на крајот од летото. Но и двете страни се отпимисти дека договор ќе има и дека се подготовени на компромис.

Најоптимално решение се уште е 5 јули, велат од ДУИ кои учествуваат во разговорите.

Останува незивесно и дали воопшто ќе се организира нова лидерска средба. Освен 5 јули, се споменуваат и 28 јуни и 12 јули. Се размислува дури и за избори во работен ден до 15 јули за да се одбегне викенд во лето кога граѓаните често патуваат.

Датумот за избори може да влијае и на продолжување на вонредната состојба која завршува во сабота. Владата утре ќе го достави својот предлог дали е потребно ново продолжување, додека пак, Пендаровски во сабота по седница на советот за безбедност ќе ја донесе и одликата.