Македонија
10. јуни 2021 - 21:13

Дали се почитуваат здравствените протоколи при организирање свадби и други свечености?

Ниту една казна не напишале досега инпекторите за прекршување на протоколот на свадби и други семејни прослави. Од втори јуни кога беа објавени новите правила според кои треба да се организира една прослава, инспекторите извршиле над 200 надзори низ целата држава. Не е констатиран ниту еден прекрошок и организаторите и гостите се дисциплинирани, уверуваат од пазарна.

- Сметам дека тоа се должи на добрата соработка на угостителите кои уште веднаш по донесување на протоколот беа заинтересирани во поглед на објаснување на сите точки кои што ги разгледавме заедно и поединечно ги објаснивме. Се надеваме дека ќе продолжи и во иднина се до донесување на некои нови протоколи, вели Александра Котели од ДПИ.

И организаторите на прослави тврдат дека протоколот се почитува. Иако има ситуации кога е тешко да се контролираат гостите сепак успеваат да ги менаџираат веселбите без кршење на правилата.

Инаку казните за непочитување на протоколот се движат до 30.000 евра зависно од категоријата на угостителскиот објект. Од 15-ти месецов угостителите очекуваат ново попуштање на мерките и зголемување на бројот на гостите како и дозвола за работа и на оние угостители кои немаат летни тераси.