Македонија
24. јуни 2022 - 21:19

Дали одлуката на бугарскиот парламент ќе овозможи нов предлог?

Неизвесноста ќе продолжи и во наредните две недели но ништо не е завршено за Македонија. Екс амбасадорот Нано Ружин ги оцени како позитивни сигналите од Брисел и смета дека  може да се разговара за нов предлог. Според него францускиот предлог дава некоја основа за почеток на преговори но очекува од Брисел да бидат истрајни во процесот и да дадат максимална поддршка во решавање на спорот Софија-Скопје.

Одлуката на бугарскиот парламент вели дека е добар чекор напред но не и целосниот заклучок. Според екс амбасадорот во преговарачката рамка мора да се исфрли протоколот.

Треба да се даде нов кој нема да ги содржи прашањата за историјата,  јазикот и идентитетот смета амбасадорот Ерван Фуере. Во тема на денот на Сител тој изјави дека треба да се земат предвид критериумите за приклучување во ЕУ но овие прашања треба да се решаваат преку паралелен процес бидејќи тие не се пресудни за пристапување на земјата во унијата.

Фуере смета дека е потребно поголемо единство на лидерите во ЕУ кои треба да преземат одговорност и да ја земат предвид чувствителноста на Западен Балкан. Оцени дека француското претседателство не успеал во напорите и токму затоа не треба да се дава екслузивно право само на едно претседателство да се залага за овие билатерални прашања. Фуере очекува чешкото претседателство дека ќе биде поуспешно во однос на овие процеси.