Македонија
24. August 2023 - 16:32

Дали е корисна кампањата „Ние сме Европа“- поделени и партиите и експертите

Уште не ни почната, владината кампања за промоција на ЕУ за која ке се потрошат 80 000 евра отвори многу дилеми во јавноста за нејзината оправданост.

Политичарите веќе ги судрија копјата за и против. Лидерот на опозицијата Мицкоски кампањата Ние сме Европа ја оцени како плагијат и срамота за европските вредености, а премиерот Ковачевски истакна дека таа е наменета за информирање на граганите и не се разботи за залудно потрошени буџетски пари.

- Тоа е плагијат виден во Европа. Најмалку овие политички измамници имаат право да се повикуваат на Европа бидејќи се срам на Европа. Додека се претставуваат како промотори на европските вредности и кредибилитетот на Европа, во очите на граѓаните ќе паѓаат. И европските дипломати може да интервенираат за да не ја злоупотребуваат Европа, кажа Мицкоски.

- Сметам дека граѓаните треба да бидат информирани за тој процес затоа што затоа што ако ги погледнете истражувањата на јавното мислење тогаш ќе се уверите дека 80 проценти од државата сакаат да бидат дел од ЕУ. Тоа впрочем го потврдува и однесувањето на нашите граѓани во сите изминати декади бидејќи нашите граѓани покажале дека сакаат да живеат во држава која е земја членка на ЕУ која има висок стандард и демократија и социјална правда и затоа одат во земји од ЕУ, вели Ковачевски

За аналитичарите ваквата кампања во моментов е беспредметна бидејќи граѓаните не се против идејата на ЕУ, туку против условите под кои се наметнуваат за пристапување.  

Експерите поздравуваат дискусии на тема ЕУ во јавноста, но не преку политички трибини на кои учествуваат владини функциониери и партиски членови и симпатизери.