Свет
29. January 2016 - 13:48

Далеку од вакцина против вирусот Зика

Производството на вакцина против вирусот Зика би можела да трае со години, оцени директорот на американскиот Институт за алергии и заразни болести др. Ентони Фаучи, иако истражувачките пристапи ги оцени како ветувачки.

- Веројатно ќе требаат години да се произведе безбедна и делотворна вакцина против вирусот Зика, оцени Фаучи, пренесува Фена.

Клучниот експеримент од првата фаза на одредување нештетност на вакцината би можела да заврши пред крајот на 2016 година, прецизираше Фаучи.

Тој уште објасни дека научниците работат на вакцина против денга вирусот и вирусот Западен Нил, кои како Зика припаѓаат на семејството флавивиридае и оти нивните трудови доста напредувале.