Далас со само седум кошаркари го заврши натпреварот со Феникс, повредите продолжуваат да ги мачат Маверикс
Далас Маверикс синоќешниот натпреварот против Феникс санс го почна со девет играчи на располагање. Во третата четвртина, Кеслер Едвардс и Двајт Пауел се судрија додека се обидуваа да фатат лабава топка. И на двајцата играчи им беше потребна медицинска интервенција. Пауел не можеше да го продолжи натпреварот и отиде во соблекувалната. Додека Едвардс се врати на клупата, а Брендон Вилијамс беше надвор од теренот поради повреда на левата тетива.
Кејлеб Мартин го одигра само вториот натпревар по враќањето, а Данте Ексум се уште се опоравува од повредата на десната нога. И двајцата играа со ограничување на минутите.
- Останавме без замени поради ограничувањата на двајца играчи, се обидуваме да најдеме решение во од. Ќе имаме седум играчи на располагање за нашиот следен натпревар против Сан Антонио, можеби осум, рече главниот тренер на Далас, Џејсон Кид.
Далас со 32 победи и 33 порази се наоѓа на 10. место во Западната конференција на НБА-лигата.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава