Дачиќ: Светските центри на моќ се заиграа со границите на Балканот
Светските центри на моќ „се заиграа“ кога помислија дека е можно прекројување на границите на Балканот, затоа што тој регион не е дел од ЕУ, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за московскиот весник „Известија“.
Според него, тоа е еден од „најсветлите примери за двојни стандарди и лицемерие на светската политика“.
Дачиќ додава дека Белград ќе остане приврзаник на европските принципи и демократија, но дека нема да ја жртвува својата независност.
- Ќе продолжиме да се бориме за својата иднина, да соработуваме со нашите соседи и да се обидуваме да ги решиме проблемите, изјави Дачиќ.
На прашањето дали Белград ќе воведе санкции кон Русија, Дачиќ одговори дека иако Србија сака да влезе во ЕУ, „нема да оди против сопствените национални интереси и никогаш нема да воведе санкции кон пријатели“.
Ново на Сител
-
Разрешена Бесија Иљази, економската директорка на Клиниката за Токсикологија
-
Се урна рингишпил во Добој, четири деца повредени
-
Малолетник со автомобил удрил во мотоциклист во Велес
-
Валтонен: Веднаш ќе почнат активностите за 15. пакет санкции против Русија
-
Двајца прилепчани приведени за кражба од викендица и фалсификувани банкноти
-
ЈО: Со спогодбите во „Синџир“ вратени безмалку 1.000.000 евра во државниот буџет
-
Изменет сообраќаен режим на булевар „Србија“ поради снимање филм
-
Во италијанскиот град Месина уапсени се 112 лица поради трговија со дрога