Дачиќ негира дека Србија ја прекинала кампањата против признавањето на Косово
Србија се согласи да ја прекине кампањата за повлекување на признавањето на независноста на Косово, потврдија за новинарите дипломатски извори во Брисел, како што објави Радио Слободна Европа (РСЕ). Но, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ги демантираше овие информации, изјавувајќи дека станува збор за „голема лага“.
Според Радио Слободна Европа (РСЕ), белградските власти дале согласност за да придонесат во атмосферата за повторен почеток на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
-Како дел од добрата волја да се создаде атмосфера погодна за продолжување на дијалогот, Белград се согласи да не продолжи со оваа кампања, им потврди на новинарите висок дипломатски извор во ЕУ, пренесува РСЕ.
Претставниците на Европската унија кои се занимаваат со процесот на дијалог истакнаа дека кампањата на Србија е „иритирачко прашање“.-
-Ние мора да изградиме позитивен потик и да не се иритираме едни со други, порачаа од ЕУ, пренесува РСЕ.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид