Дачиќ и Бушати се заложија за нормализација на меѓусебните односи
На маргините на втората трилатерална средба Албанија-Италија-Србија, одржана во Тирана шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати имаше одвоена средба со српскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, јави дописникот на МИА од Тирана.
На средбата било посебно потенцирана потребата од нормализација на меѓусебните односи.
- Да ги омекнеме нашите односи од политичка страна и да продолжиме со нашите проекти и во тој контекст очекуваме спроведување на сите проекти за кои разговаравме на средбата, вклучувајќи ги тука и канцелариите за млади и размена на студенти. Навистина посакуваме сите разлики кои постоеа меѓу нас да ги оставиме зад нас и да најдеме заеднички именител, истакна Дачиќ по вчерашната средба.
Што се однесува до Заедницата на српските општини во Косово, Дачиќ изјави дека тоа е значаен елемент од договорот и оти очекува набрзо да се спроведе договореното.
- Двете страни треба да бидат одлучни во тој процес. Заедницата е еден значаен елемент од договорот и јас очекувам во наредните недели да го спроведат она што го договорија. Србија беше конструктивна во овој дијалог, изјави Дачиќ.
Инаку на трилатерлната средба на која учествува и шефот на италијанската дипломатија Паоло Гентилони, станало збор за зајакнување на трговските односи со Србија и реализација на проектите договорени во Виена. Италија, рекол Гентилони, е главен партнер за двете земји, кој ќе даде конкретна помош. Тие разговаралe за повеќе прашања меѓу кои и безбедноста во регионот, договорите за енергетика и гас, меѓународниот тероризам и борбата против насилниот екстремизам, како и бегалската криза.
По трилатералната средба во Рим и оваа во Тирана, наредната ќе биде во Белград, која според Дачиќ ќе се одржи на есен.
Ново на Сител
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија