Да се стави крај на криминалот и корупцијата, порача Спасовски, кој ги поддржува ставовите на амбасадорка Агелер
– Мора час поскоро секој од нас да направи максимум со своето делување да се стави крајот на криминалот и на корупцијата во државата од секој можен аспект. Да се створи систем што ефикасно и брзо ќе одговори.
Ова е пораката од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатена од Струмица, каде новинарите побараа одговор од него за критиките упатени од американската амбасадорка Анџела Агелер во однос на корупцијата во земјава и фактот што САД испраќа тим за санкции во Северна Македонија.
Секој од нас треба да има загриженост за тоа што практично ни се случува во државата, истакна Спасовски и додаде дека ги поддржува апсолутно сето она што беше изнесено од страна на амбасадорот на САД, но и од други релевантни фактори.
– Ние како МВР апсолутно стоиме на рапсолагање во секој поглед да ги поддржиме сите овие активности. Тоа практично е приоритет и на Владата и тој приоритет мора до крај да биде реалзиран и во секоја пора од македнското општество да се навлезе, да се реализира и секој еден што навистина се занимава со криминал од било каков тип да сноси сериозна одговорност, изјави министерот Спасовски денеска по посетата и средбите во СВР Струмица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанска Комора
-
И одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија титулата во Купот
-
Одбојкарите на Струмица Никоб старо-новите освојувачи на Купот на Македонија.
-
Се чека обдукцијата и се вршат распити за смртта на малата Јана
-
Битолчанецот кој испи корозивно средство е во стабилна состојба, но постојат ризици
-
Истрагата за тунелот во Идризово траела два месеци, Спасовски најавува одговорност
-
Самоил се уште е исчезнат, семејството бара помош, полицијата работи
-
Ахмети, Груби и огнените на иста маса во Мала Речица