Македонија
6. October 2022 - 20:15

Да се слави со срце, а не со оружје апелира МВР

Пукање на веселби- традиција која може да кулминира со крвав епилог. Само во текот на минатата година полицијата казнила 14 случаи каде се пукале куршуми за време на свадби и прослави. Да се слави со срце, а не со оружје апелира МВР, а преку примери ја прикажуваат опасноста од секој залутан куршум по нечиј живот.

Секој куршум има мета, дури и оние испукани за време на весели моменти, може да одземат човечки живот, образложува претставничката од УНДП и повикува на зголемување на јавната свест при овие настани.

Законски за пукање паричната казна се движи од 200 до 500 евра, но во зависност од какви се последниците пукањето може да претставува и кривично дело за кое е предвидена и затворска казна.