Да помогнеме: Апел за помош на братчето и сестричката Додевски
Седумгодишниот Александар Додевски од Куманово боледува од цироза на црниот дроб. Првите симптоми на болеста се појавиле кога имал само пест месеци, но болеста е дијагностицирана пред помалку од една година. И покрај терапијата, болеста бргу напредувала и на Александар под итно треба да му биде направена трансплантација на црниот дроб.
-Лекарите велат дека само со брза интервенција може да се спаси животот на мојот син. Не само црниот дроб, туку и бубрезите биле зголемени и пред откажување. Да биде маката поголема, и кај мојата десетгодишна ќерќа дијагностицирана е истата болест на црниот дроб, но во рана, се уште ненапредната фаза. Јас сум самохрана мајка која живее со три деца, издржувајќи се со паричен додаток од 13.000 денари што го добиваме од државата. Ги молам добрите луѓе да ми помогнат да ги собереме потребните 100.000 евра за операција во странство – со солзи во очите вели мајката Јасмина.
Можете да донирате на следниот начин:
Денарска сметка за донации:
Александар Додевски
Централна-кооперативна банка а.д. Скопје
број на сметка: 320 5000258326 33
Девизна сметка за донации:
AEKSANDAR DODEVSKI
IBAN: MK07 3205 1002 5844 030
SWIFT: CECBMK22
CENTRAL COOPERATIVE BANK SKOPJE
Ново на Сител
-
На ГП Богородица и ГП Дојран се чека околу 30 минути
-
Без струја дел од корисниците под обиколницата во Визбего
-
Петмина новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад врз Газа
-
Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе
-
Отпочнуваат градежните работи на обиколницата Крива Паланка, воведен времен режим на сообраќај
-
Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција
-
Сончево и многу топло време цела седмица
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција