Д-р Жан Митрев: Благодарност до министерот Филипче, покажавме дека ги имаме сите капацитети и можности
Академик д-р. Жан Митрев од „Клиника Жан Митрев“, на денешната прес-конференција по повод прво трансплантирано срце истакна дека ги имаме сите капацитети и сите можности и упати јавна благодарност до министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче за целокупниот процес и организација.
„Се покажа дека ги имаме сите капацитети и сите можности и морам јавно да се заблагодарам на Министерот Филипче кој не организира, кој не сплоти и колку и да сме различни, сепак на крајот сме исти, имаме една цел, а тоа е да ги лекуваме пациентите. Без разлика дали сме приватни, државни, ние сме со таа дејност, со таа функција и сето ова е голема и успешна приказна. Му благодарам на Министерот, на целиот тим и на сите, оргомен број луѓе кои земаа учество во сето ова, за да ова биде вака како што е“, потенцираше д-р Митрев.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија