Македонија
14. July 2016 - 10:43

Цветков ќе изврши увид во изградба на краварска фарма во Струга

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска ќе изврши увид во изградба на краварска фарма во Струга, кај Мороишки мост во близина на село Враништа. 

- Станува збор за проект на „ТИМИ Инженеринг“, кофинансиран од ИПАРД, со поддршка хипотека за кредит за претфинансирање преку гарантен фонд. Вкупната инвестиција на сопственикот Блерим Каба е 33 милиони денари. Фармата е на површина од 1.000 метри квадратни, за почеток ќе има 35 молзни крави, а ќе биде и за преработка на млеко, соопшти МЗШВ. 

Министерот Цветков претходно ќе го посети мрестилиштето „Шум“ во Струга.