Македонија
19. July 2020 - 8:26

Cветиниколската конфекција „Мода“ ново жариште во Македонија

Во светниколската конфекција „Мода“ вкупниот број заразени работници изнесува 53 откри скринигот, кој го направи компанијата. Директорот на „Мода Ад“ –Свети Николе, Ангел Димитров вчера изјави дека во скринингот во кој компанијата самата инвестираше биле опфатени вкупно 620 работници, а претходно 200 биле изолирани или седеле дома поради владините мерки за чување деца до 10 години, хронични заболувања или бремени жени. Според здравствената состојба на заразените 80 отсто од нив се асимптоматски, додека потешки случаи се хоспитализирани во регионалните ковид центри во Штип и Велес.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вчера соопшти дека, покрај штипската конфекција, коронавирусот веќе е влезен и во Домот за стари лица во Радовиш. Позитивни на вирусот се двајцата вработени и три лица корисници на услугите во овој дом.