Балкан
17. November 2017 - 11:26

Цвета Карајанчева нов претседател на бугарскиот Парламент

Цвета Карајанчева е новиот претседател на бугарскиот Парламент. Таа беше избрана со 138 гласови „за“, три „против“ и 71 „воздржан“, јави БТА.

Предлогот беше на парламентарната група на ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија).

Карајанчева досега беше потпретседател на Парламентот. Таа ќе го замени Димитар Главчев кој денеска поднесе оставка откако од БСП за Бугарија побараа негово разрешување и најавија дека нема да учествуваат во работата на Парламентот. Барањето за негова оставка беше поддржано и од ДПС