ЦУК: Вкупно 1.704 повици на 112, четири пожари на отворено и апел за редовно чистење на локалните одводни канали
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало вкупно 1.704 повици на Единствениот број за итни случаи 112.
- Од нив „реални“ повици биле 61 отсто, а 39 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62 отсто, кон Итната медицинска помош 35 отсто, кон пожарникарите 2 отсто, а кон АМСМ 0,36 отсто од реалните повици кон 112, соопшти ЦУК.
Во последното деноноќие имало четири пријавени пожари на отворено, покрај пожари во урбани средини и населени места, на територијата на државата.
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола вчера од 18:35 до 21:20 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во село Мусинци, Општина Могила.
ТППЕ Прилеп вчера од 18:58 до 19:40 часот со едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај ресторан „Романса“ во Општина Прилеп.
Регионалниот ЦУК Струмица, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струмица вчера од 13:35 до 14:40 часот со едно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Градско Балдовци, каде била зафатена површина од околу еден хектар
Речиси истовремено, струмичките пожарникари во период од 13:20 до 18:40 часот со едно возило и двајца пожарникари интервенирале и на запалена депонија во близина на село Босилово, Општина Босилово.
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали, да не се фрлаат отпадоци во нив и во речните корита.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред