ЦУК: Седум пожари на отворено и поплавени објекти во прилепско и битолско
Седум пожари на отворено се регистрирани во земјава во последното деноноќие, а пожарникарите паралелно гаснеле и пожари и во населени места, соопшти ЦУК. По еден пожар имало во Скопје и Велес, два во Куманово и три во Штип.
Во Прилепско и Битолско имало проблеми од големите завчерашни врнежи дожд, бидејќи за 24 часа наврнале 35 литри дожд. Регионалниот ЦУК Битола, известува дека по пријава добиена на бројот за итни повици 112 за поплавената куќа и дворно место во с. Пешталево вчера повторно е контактирана Општина Долнени од каде што одговориле дека интервенирале со градежна машина и дека повторно ќе интервенираат. Се работело за поплава од атмосферски води, поточно неможност да истекува по изградба на пат.
ЦУК апелира и потсетува, покрај тоа да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали согласно нивниот план, да се чистат и одржуваат одводните канали во и надвор од населените места и секако да не се фрлаат отпадоци во каналите.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Ново на Сител
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки