Македонија
22. August 2022 - 20:56

ЦУК: Поголем дел од селото Лажани е под вода

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени.

Поплавување има во селата Лажани, Дебреште и Житоше.

-Најкритично е во село Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите, соопшти ЦУК.

За состојбата со поплавите запознаен е и градоначалникот на општина Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово. До овој момент единиците на локалната самоуправа немаат побарано помош од ЦУК, се наведува во информацијата од Центарот за управување со кризи.