ЦУК: Нема пожари на отворено, 1 644 повици на 112
Во изминатото деноноќие нема регистрирано пожари на отворено, соопшти денеска Ценатрот за управување со кризи (ЦУК).
На бројот за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие имало 1 644 повици, од кои „реални“ биле 56,45 отсто, а 43,55 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,20 отсто, кон итната медицинска помош 25,36 отсто, а кон пожарникарите 2,54 отсто од реалните повици.
Од ЦУК посочуваат дека сообраќајот во земјава се одвива во отежнати зимски услови и додаваат дека надлежните континуирано ги расчистуваат патните правци. Според ЦУК, на одредени патни правци има забрана за тешки товарни возила. За проодноста на патните правци информираат регионалните центри за управување со кризи.
Регионалниот ЦУК Битола информира дека поради мраз и снег во Општина Прилеп непрооден бил патниот правец Бонче – Прилеп. Од Општина Прилеп информирале дека е испратен трактор со нож за расчистување на кракот кон село Бонче.
На 14 јануари 2025 година до Општина Прилеп било поднесено барање од МПЦ, манастир во село Бешиште за чистење на патниот правец од месноста „Баров Мост“ до село Бешиште. За регионалниот пат од село Витолиште до Прилеп е добиено известување од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта дека е завршено чистењето од снегот и останува кракот (земјен локален пат) до село Бешиште.
- Известен е лично градоначалникот и од негова страна е одговорено дека во текот на денешниот ден од страна на градежни машини од локалните рудници ќе биди исчистен локалниот земјениот пат до село Бешиште, се вели во соопштението.
Во текот на вчерашниот ден од страна лицето кое го доставило барањето за чистење на пат е добиено известување дека кракот, земјениот пат до село Бешиште се уште не е исчистен и за тоа е информирана Општина Прилеп.
Во Општина Крива Паланка, пак, поради висина на снег, непроодни се неколку локални земјени патни правци: од село Дурачка Река, маало Метов до село Дренак, од месноста „Компирара“ до село Б’с и од село Огут кон село Нерав. Во текот на вчерашниот ден Општина Крива Паланка ги чистела патните правци кон селата Трново и Дурачка Река и кон месноста викана „Калин Камен“ на Осоговската Планина.
Во Општина Кратово, локалниот патен правец кон планинскиот дел од Кратово кон селата Близанци, Луково, Куново и Мушково е прооден само за теренски возила со зимска опрема (на овој дел има снежна покривка околу 15 - 20 сантиметри).
ЦУК информира дека од село Мушково кон селата Нежилово и Каврак патот е тешко прооден за теренски возила со зимска опрема. Висината на снежната покривка е околу 30 сантиметри и овој дел од патниот правец е тешко прооден бидејќи на некои места има и навеви од снег. Во наредните денови се планира чистење на овој патен правец.
Ново на Сител
-
При претрес во Штип пронајдена дрога
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања
-
Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени национални признанија за врвни достигнувања во спортот
-
Маск: Жалам што некои објави за Трамп отидоа предалеку
-
Министерство за економија: Во првите два дена 1400 пријави до Агенцијата за вработување за мерката самовработување
-
Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава
-
Прв Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија во Скопје
-
Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа