ЦУК: Нема активни пожари, 12 изгаснати во изминатото деноноќие
– Нема активни пожари во земјава, а 12 се изгаснати во изминатото деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Изгаснати се два пожара во општина Бутел и еден во општина Гази Баба. Десет пожарникари со три противпожарни возила синоќа од 18:05 до 21:00 часот го гаснеле пожарот на булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“ – Раштански лозја, каде гореше сува трева.
Пет пожарникари со едно противпожарно возило синоќа од 19:20 до 19:40 часот го гаснеле пожарот во општина Бутел, на улица „Ферид Бајрам“, каде горела сува трева.
Изгаснат е пожарот во близина на автопат Скопје- Велес, каде гореше сува трева и дрва. На оваа локација интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило од 21:50 до 22:50 часот.
ЦУК утрово информира дека се изгаснати пожарите во општините Градско, Ресен, Битола, Прилеп, Охрид, Тетово и два пожара во Куманово.
Во општина Градско, во село Ногаевци горела ниска вегетација, шавар, багрем, и јасика. Пожарот е изгаснат од пет пожарникари со едно противпожарно возило, во период од 14:00 од 18:15 часот.
Во село Курбиново, Ресен горела ниска вегетација и јаболкови насади. Интевенирале 15 пожарникари од ТППЕ Ресен со пет противпожарни возила, едно возило за дотур на вода од комунално претпријатие, едно возило и осум вработени од Национални шуми, едно возило и четворица ренџери од Ренџерска служба, едно возило и двајца вработени од Национален парк – Пелистер, едно возило и еден вработен од општина Ресен и месното население. Се интевенирало синоќа, од 20:45 до 00:45 часот. Се работи за површина од десет хектари.
Изгаснат е пожарот во Битола, кај стариот млин на патот Битола – Прилеп, каде гореше стрниште. Пожарот го гаснеле двајца пожарникари со едно противпожарно возило.
ЦУК информира дека се изгаснати и пожарите во село Горно Агларци, општина Новаци, во село Варош, општина Прилеп, во село Пештани, општина Охрид.
Изгаснат е пожарот во Тетово, кај селата Беловиште кон Куново, каде горела сува трева. Интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило и четворица вработени од Национални шуми – Шар.
Во близина на автопатот Скопје – Куманово горела ниска вегетација, а од 19:20 до 20:25 часот интервенирале тројца пожарникари со едно протвпожарно возило.
Изгаснат е пожарот во Куманово, кај Пчински пат, каде горела сува трева. Од 14:10 до 16:00 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите