ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало 1697 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.
Од нив „реални“ повици биле 63,46 проценти, а 36,54 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици, кон полиција биле упатени 75,15 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 21,78 отсто, а кон пожарникарите 0,61 отсто.
ЦУК информира дека во последното деноноќие имало девет пожари на отворен простор, покрај интервенциите за гасење пожари во населени места, и сите се изгаснати. Горело борова шума, ѓубре, ниска вегетација, бали со слама, стрништа, сува трева, грмушки и друга сува нискостеблеста вегетација. Интервенирале БППЗ на Град Скопје и ТППЕ од Битола, Струмица, Неготино, Берово, Кочани и од Крива Паланка.
Во однос на сообраќајот кон Пониква и кон село Бели, ЦУК информира дека се одвива непречено, но се уште по една коловозна лента.
-Од страна на граѓаните коишто протестираат е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП „Водовод Кочани“, но не и возила од други општини, наведува во соопштението.
Центарот за управување со кризи укажува дека граѓаните коишто ќе патуваат или шетаат по планините викендов треба да имаат предвид дека е најавена промена на времето со дожд и снег на повисоките места.
-УХМР извести дека под влијание на влажна и студена воздушна маса од петок до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, што наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 литри на квадратен метар). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота, соопшти ЦУК.
Ново на Сител
-
Железничката станица во Нови Сад ќе биде урната, реконструирана или делумно користена
-
Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Кавадарци
-
УХМР: Следува период на сончево и топло време, дневната температура во сабота до 37 степени
-
Двајца мртви во Франција за време на прославата на победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија
-
ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо
-
Виткоф му одговара на Хамас дека нивните барања се „целосно неприфатливи“
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони