ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево алармираа за две отворени шахти во општина Аеродром, што претставуваат опасност за граѓаните.
Како што појаснуваат, минатата седмица преку социјалните медиуми биле пријавени две отворени шахти - едната спроти трговскиот центар „Скопјанка“, а другата веднаш по подземниот премин на булеварот „Кузман Јосифовски - Питу“, зграда број 28, пред „Спортлајф“.
Како што наведуваат од ЦУК, веднаш биле информирани надлежните од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на Град Скопје. Оттаму им било кажано дека и двете шахти се во сопственост на станарите и деловните објекти во околните згради.
Објавено е и видео на „Јутјуб“ - каналот на ЦУК, каде директорот Стојанче Ангелов упатува апел за итно преземање мерки околу шахтата спроти ТЦ „Скопјанка“. Тој нагласува дека постои ризик, граѓани да добијат сериозни повреди.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер