ЦУК: Активни два пожари
Во земјава вчера имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се уште два, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, месност „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и е речиси невозможно за пристап на лица и за гаснење. Во текот на денот интервенирала противпожарна екипа од ТППЕ Македонски Брод и од ЈП Национални шуми – подружница „Сандански“ Македонски Брод.
Вториот, се уште активен, пожар е во Општина Чашка, кај месноста „Изворите на Бабуна“, во реонот на с.Нежилово, што почнал околу 15:00 часот вчера и гори букова шума. За негово гаснење интервенирале противпожарни тимови од ЈП „Национални шуми“, подружница ,,Бабуна“- Велес.
Ново на Сител
-
„Пази што зборуваше да не пропаднеш во дупка“, имам закани од психопативе, кажа Гоце Трајковски на сведочењето
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
-
Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград
-
Приведен 50-годишен маж од Тетово поради кражба